Пронајден цел apcенaл: Пpeтpec во Прилеп, пронaјдени opyжје и мyниција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (05.07.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Д.Р.(50) од Прилеп. При претресот се пронајдени и одземени пушка „Црвена застава” калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.
По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This