дома Европа Пронaјдена бomбa во Лион, Франција, евakyирани 4.500 луѓе

Пронaјдена бomбa во Лион, Франција, евakyирани 4.500 луѓе

Денес се евакуирани околу 4.500 граѓани на Лион, поради бомба тешка 230 килограми, останата од Втората светска војна, објави градската управа во Лион.

Бомбата е пронајдена во деветтиот арондисман во Лион на градилиштето на идниот студентски дом, пренесува париски „Фигаро“.

Поради интервенција на деминерите, во Лион биле прекинати повеќе автобуски линии и метроа.
Црвениот крст обезбеди пет привремени живеалишта за евакуираните граѓани.