April 23, 2024, 10:55 pm

Пропадна и овој план на Заев – нема датум за преговори со ЕУ, Бугарија ќе не блокира повторно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија неma може да го поддржи одржувањето на првата Меѓувладина седница со Македонија, која го означува и стартот на преговорите со ЕУ за земјава. Актуелниот нацрт на Рамката за преговори за пристапување на Македонија исто така не ги одразува предлозите на бугарската страна и затоа Бугарија не може да го поддржи, пренесува Бугарската национална агенција БГНЕС.

Ова за БГНЕС го соопштиле од бугарското Министерство за надворешни работи. Министерот за надворешни работи Светлан Стоев денеска ги примил амбасадорите на земјите членки на Европската унија и в.д. Шефот на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, запознавајќи ги со актуелните случувања по изборите за претседател и потпретседател и Националното собрание на 14 ноември 2021 година, како и со приоритетните бугарски позиции за теми од заедничката европска агенда .

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, беа истакнати напорите направени во последните месеци од Бугарија за решавање на отворените прашања со Скопје. Истовремено, се уште нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство, рече министерот Стоев. Тој додаде дека бугарската страна се уште очекува конкретни чекори од соседите за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијални и малцински претензии, прекин на говорот на омраза кон Бугарија, промена на учебниците во Република Македонија, имајќи ја предвид нашата заедничка историја, се вели во соопштението на бугарското МНР за БГНЕС, гарантирајќи ги правата на граѓаните со бугарска самосвест.

„Не гледаме напредок бидејќи нема политичка волја за решавање на овие прашања“, додаде шефот на бугарската дипломатија. На оваа позадина, Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Актуелниот нацрт на Рамката за преговори за пристапување на PCM исто така не ги одразува предлозите на бугарската страна и затоа Бугарија не може да го поддржи. Министерот ја потврди постојаната поддршка на Бугарија за Албанија, врз основа на сопствените заслуги, пренесува БГНЕС.

Последниот самит на ЕУ за оваа година ќе се одржи во Брисел на 14 декември годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This