Просечната нето плата во Словенија во октомври била 1.218 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Просечната бруто-плата во Словенија во октомври изнесувала 1.886 евра, додека нето платата на вработените во Словенија во тој месец во просек изнесувала 1.218 евра, покажуваат денешните податоци на Заводот за статистика.

Износите на бруто и нето платата на Словенија за октомври се номинално повисоки за 0,7 отсто, а навистина пониски за 0,2 отсто отколку во септември, пренесува СТА, пренесува Танјуг.

Највисока просечна бруто-плата е забележана во секторот финансиска активност и осигурување, во износ од 2.644 евра и во областа на снабдување со електрична енергија, гас и пареа (2.643 евра).

Истовремено, најголем пораст на просечната бруто-плата во однос на септември е забележан во дејностите култура, забава и рекреација од 5,0 отсто, а најголем пад во рударството и вадењето камен од 3,5 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This