дома Македонија ПРОТЕСТЕН МАРШ, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА КАЈ АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ: „Тврдокорни“ организираат марш на денот...

ПРОТЕСТЕН МАРШ, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА КАЈ АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ: „Тврдокорни“ организираат марш на денот кога ќе се формира новата Влада!

Image processed by CodeCarvings Piczard ### FREE Community Edition ### on 2017-02-16 05:11:28Z | http://piczard.com | http://codecarvings.comÈÇÿÙ·_(

Повикот на патриотското здружение „Тврдокорни“ предизвика нелагодност кај албанските медиуми кои избрзано започнаа да предупредуваат на некакво „сценарио“ кое се организира со цел да биде спречено формирање на нова Влада

 

Како што стои во соопштението на „Тврдокорни“, на 24 Февруари во 17.00 часот, ќе се одржи мирен протест марш кој ќе започне од Соборниот Храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, а потоа ќе продолжи кон Владата и споменикот на паднатите бранители од 2001-та година.

Маршот ќе биде мирен, со цел изразуање на незадоволство од притисокот кој се врши врз Македонија да прифати странски платформи, во услови кога во Македонското собрание има 100 пратеници Македонци, и дваесетина албански.

Ова објаснување од „Тврдокорни“ сепак не беше доволно, па албанските медиуми започнаа со кревање на фама, онаму каде што ја нема.

Имено, албански „Журнал“ тврди дека маршот е намерно организиран на денот кога треба да се формира новата Влада.