дома Македонија ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖИЈА И ДЕНЕС: Со барикади и поставени знамиња со сонцето од...

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖИЈА И ДЕНЕС: Со барикади и поставени знамиња со сонцето од Кутлеш и денес се бранеше името пред Собрание

Неколку стотини луѓе вечерва се собраа пред Собранието во Скопје на протест против договорот за решавање на спорот за името со Грција. Граѓаните скандираа “поддршка за Иванов”, “ оставка од Владата” и побараа да нема референдум за името.

Насобраните граѓани ја блокираа и крстосницата во близина на Собранието, а најавија дека блокадите ќе продолжат.

Протестите пред Собранието почнаа откако премиерот Зоран Заев објави дека е постигнат договор за решавање на спорот за името со Грција. В недела, според најавите од владата, во Преспа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат договорот, на церемонија која ќе се одвива на грчка и на македонска територија, а на која присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.