дома Македонија ПРОТЕСТИ ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА: „Слобода за патриотите“ – во вторник сите...

ПРОТЕСТИ ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА: „Слобода за патриотите“ – во вторник сите пред суд, да дадеме поддршка на патриотите кои ја бранеа Македонија од државен удар!

Македонското Патриотско Здружение „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ за вторник (23 Мај) организира мирен протест за поддршка на патриотите кои на 27 април оваа година, се обидоа да го спречат државниот удар кој го направи СДС заедно со албанските партии во Собранието на Р.Македонија

Мирниот протест ќе се одржи пред Основниот Суд во Скопје, со почеток во 09.00 часот.

Од МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ ги повикуваат сите родољуби, правдољуби Македонци да земат учество и да дадат поддршка за нивните браќа кои се прогонувани од оние кои направија државен удар и ја доведоа државата во опасност.