дома Македонија ПРОТЕСТИ И ВО ШТИП: Штипјани бараат претседателот да си остане на зборот!

ПРОТЕСТИ И ВО ШТИП: Штипјани бараат претседателот да си остане на зборот!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов да си стои на зборот и да не го потпишува законот за употреба на јазиците, побараа граѓаните на Штип кои вечерва за првпат излегоа на протест. Тие го искажуваат својот револт законот за употреба на јазиците и против промената на името на нашата држава.

Над 400 граѓани присуствуваа на вечерашниов протест, кој почна од зградата на општина Штип, а потоа протестантите мирно се движеа по улиците покрај реката Отиња во централното градско подрачје, а протестот заврши кај кружниот тек кај Стопанска банка.