дома Македонија ПРОТЕСТИ ПРЕД МАНУ: Академиците дебатираат за договорот од Преспа, народот протестира пред...

ПРОТЕСТИ ПРЕД МАНУ: Академиците дебатираат за договорот од Преспа, народот протестира пред Академијата

Триесетина граѓани протестираат пред Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) каде се одржува научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ на која учествуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, американскиот амбасадор Џес Бејли и останати дипломати од различни земји.

Граѓаните протестираат, како што велат, да го изразат својот револт за договорот со Грција и промената на името на Република Македонија. Тие порачаа дека се загрижени од загрозувањето на независноста на Република Македонија и побараа оставка од Владата на Заев.

Тие побараа прием на денешната расправа во МАНУ каде што ќе ја достават, како што велат, декларацијата на македонскиот народ за неговите црвени линии и стратегија за зачувување на името, идентитетот, јазикот, историјата и културата на државата.