дома Балкан ПРОТЕСТНА НОТА ОД МНР, ЌЕ ИМА?: „Македонија е грчка!“ ечеше на денешната...

ПРОТЕСТНА НОТА ОД МНР, ЌЕ ИМА?: „Македонија е грчка!“ ечеше на денешната воена парада во Грција!

За време на денешната традиционална воена парада, одржана по повод сеќавањето на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна, одредени членови на единицата на резервисти извикувале „Македонија е Грчка!“ додека поминувале покрај ВИП ложата, пренесе Танјуг.

Истовремено, грчката полиција застанала мала група на демонстранти кои сакале да маршираат и да протестираат против Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесе АП.