дома Локално ПРОТЕСТНИТЕ МАРШОВИ СЕ ШИРАТ НИЗ ДРЖАВАТА: Протестен марш утре и во Прилеп-Една...

ПРОТЕСТНИТЕ МАРШОВИ СЕ ШИРАТ НИЗ ДРЖАВАТА: Протестен марш утре и во Прилеп-Една држава, еден јазик, една Македонија

 Здруженијата на граѓани „Прилепски бранители“, „Карпалак“, „Пере Тошев“, „Патриот“, „Андон Ќосето“, „Здружение на резервни старешини“ утре организираат протестен марш во Прилеп.

Истиот планирано е да започне во 17 часот кај споменикот „Прилепски бранители“, а со цел одбрана на унитарноста на државата и испраќање на јасна порака од граѓаните: „Една држава, еден јазик, една Македонија“, со што истите се спротивставуваат на воведувањето на двојазичност во Македонија.