дома Локално ПРОТЕСТ ПРЕД ДРИСЛА: Активисти ќе го блокираат влезот на депонијата „Дрисла“ во...

ПРОТЕСТ ПРЕД ДРИСЛА: Активисти ќе го блокираат влезот на депонијата „Дрисла“ во петок!

„Движење за чист воздух“ за в петок, со почеток во 12 и 5 часот најави 15 минутна блокада на влезот на депонијата „Дрисла“.

Активистите ќе побараат да се смени правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативи, во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

„Даваме рок од 15 дена за исполнување на овие барања. Во случај на неисполнување на истите, следниот чекор е блокирање на Град Скопје и поднесување на тужба“, велат од Движењето.