дома Македонија Протест против промена на името пред МНР

Протест против промена на името пред МНР

Средбите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас започнаа со протести.


Пред МНР, додека трае средбата со македонскиот министер за надворешни Никола Димитров група граѓани се собраа за да го изразат своето незадоволство од преговорите и да порачаат дека се против промена на името.

Пораките од натписите гласат “Македонија на Македонците”, “Стоп за дискриминацијата”, “Стоп за преговорите”, “Стоп за холокаустот врз Македонците” итн.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.