Протоѓер: Тенденциозно нeточни и вон контекст се еуфоричните наслови по мојот исказ за случајот „Плацеви на Водно“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Насловите и текстовите објавени во некои медиуми дека сум го потврдил обвинението за случајот „Плацевите на Водно“, текстови во кои еуфорично се пренесува мојот исказ, се целосно извадени од контекст, реагираше во вторникот Мартин Протуѓер.

Реакцијата на некогашниот шеф на кабинатот на поранешнипот премиер Никола Груевски следуваше, по низата натписи дека тој наводно ја потврдил тезата на обвинителката Лиле Стефанова во случајот, сведочејќи дека Груевски лично наводно му кажал оти купил плац од 10.000 квадрати.

„Практично таквиот контекст е тотално неточен и неприфатлив. Апелирам во интерес на вистината и јавноста, да се пренесат внимателно сите аспекти од моето сведочење од причина што бев доста внимателен во изборот на зборови, токму несакајќи да се добие погрешен впечаток, а свесен за интересот на јавноста и политичкиот контекс во кој се ставаат овие сведоштва. Се со цел да се помогне на судот и јавноста да ја дознаат вистината. За жал ваквите наслови не придонесуваат во тој контекст им ги оправдуваат тврдењата дека се работи за политичка пресметка со некои од засегнатите страни на сметка на вистината“, се вели во реакцијата на Протоѓер.

Апелира притоа внимателно да се прочитаат записниците од неговиот исказ и да се гледаат во контекст во кој се дадени.

„Ја сфаќам потребата од сензација, но мора да се сфати и важноста на секој напишан или искажан збор затоа што само така ќе може јавноста реално да оцени која е вистината и што всушност се случувало“, се истакнува во реакцијата.

Протоѓер предупредува на извлекување од контест на изјави, оценувајќи го за тенденциозен манир кој во одредени медиуми се практикува кога станува збор за него, но дека овојпат реагира затоа што таквите шпекулации и невистини се однесуваат и на други личности.

„Јавниот линч, стигматизирање, вадење од контекст на разни изјави, ставање во сосема различни рамки, нешта кои меѓудругото и мене ми се случуваа долги години, вклучително до ден денес, не е начин како да се дојде до правдата и се далеку од вистината и потсетуваат на времиња од еден друг век…

Јас одбрав да стојам настрана од сѐ, и дури и на најгнасните лаги против мене пласирани со години веќе, од најразлични страни, одбрав да не одговорам, свесно, и по цена цела јавност да добие сосема различен и крајно негативен впечаток за мене од тоа што вистински сум, но овојпат сакам да одговорам затоа што не се работи само за мене лично, туку и за многу други луѓе чии судбини се одлучуваат“, се истакнува во реакцијата на Протоѓер.

Од друга страна, се наметнува прашањето за целта и веродостојноста на споменатите написо, бидејќи од она што можеше да се слушни во споменатиот исказ, доколку го слушале јасно сведочењето на Протоѓер, ќе знаеле, наместо да шпекулираат, фактот дека тој во однос на плацевите на Водно посочи дека спомнал дека земал некое земјиште, во близина на локација на бизнисменот Ристо Гуштеров, а што е на два километра оддалеченот од предметната локација, плац за кој се води спорот.

Исто така, Протоѓер откако спомна дека наводно Груевски рекол дека зел земјиште, додаде: „Дали тоа било така, што се случувало, јас немам никаква информација“.

Потоа, согласно исказот на Протоѓер, кусо по тој разговор, само неколку месеци подоцна Груевски повторно зборувал за Сопиште и потребата и волјата да изгради куќа токму таму.

Оттаму сега се поставува прашањето: зошто Груевски би го кажувал тоа, ако веќе имал плац на Водно. За тоа всушност Протоѓер и појасни дека откако Груевски му ја отворил темата Сопиште повторно само неколку месеци по претходниот разговор, Протоѓер добил впечаток дека тоа првото воопшто не се ни случило.

Со тоа и паѓаат во вода сите обвинувања кон обвинетите, но и се докажува дека насловите во некои медиум се целосно извадени од контекст.

Протоѓер во однос на финансирањето на партијата појасни дека таа се финансирала според законот и дека сметководствено биро вршело подготвување на извештаите на партијата а дека тој немал допирна точка со финансирањето, а комисија за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ избрана на Конгрес, кој е највисокото тело на партијата, се грижела за надзорот во тој дел.

Протоѓер појасни и дека не можел да знае што имало во сефот, бидејќи не го видел отворен, но дека од тоа што се зборувало во сефот имало документација, разни извештаи, записници од извршен и централен комитет, како и некоја мала сума на средства која се користела за тековни трошоци, од типот сијалици, хартија…

Појасни притоа дека тој лично ја немал видено содржината на сефот, а тоа ги негира обвинувањата кон Груевски дека во сефот имало „огромни средства“ и оти тој „ги злоупотребувал“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This