April 20, 2024, 12:28 am

Проф. Стикова: Секој втор што оди во болница починaл, Македонија е шеста земја во светот по cmpтност од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се одржа првата јавна научна дискусија С(ц)иеста во организација на Фондацијата Кантарот. Темата на панелот Ковид: две години подоцна, а главни точки на разговор беа варијантата омикрон и заканите од неа, вакцинацијата на возрасни и на деца и како Македонија се справува со пандемијата, а како светот.

Панелисти беа, професорите од Медицинскиот факултет во Скопје проф. Стикова, проф. Д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија и проф. Д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија. Дискусијата ја модерираше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм.

Да бидеш шеста земја во светот по смртност од ковид-19 е нешто што сите нè загрижува и сметам дека сега сме во иста ситуација како што бевме и пред две години. Сега е омикронот, немаме многу работи со коишто може да се пофалиме дека ги етаблиравме од професионален аспект и повторно се соочуваме со новите предизвици, смета професорката на Медицинскиот факултет во Скопје Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд.

Професорката Стикова потсети дека во Македонија има исклучително висока хоспитална смртност, која изнесува 50 проценти, а тоа значи секој втор што оди во болница починал.

Ние сме меѓу земјите кои се најжестоко погодени од ковидот. Причините се многу комплексни зошто е тоа така. Подготвувајќи се за панелот, се обидов да видам кои се тие земји кои се од регионот и кои припаѓаат во оваа група. Можеби ние носиме некое историско наследство кое што е врзано со начинот на кој одговараме. Сите овие силно погодени земји сме мали земји, земји кои носиме заедничко стручно искуство од поранешниот период, кога сме припаѓале на друга школа, условно така да ја кажам, и сите ние во нашето однесување повеќе се потпираме на нашите лични искуства отколку што се потпираме на пишани протоколи и водени постапки. Има доста импровизација во нашата работа којашто ја работиме, но за среќа, токму затоа што сме мала земја имаме многу интензивни професионални контакти, па дури и кога ќе направиме не толку добра одлука, брзо се повлекуваме и се обидуваме да отидеме понатаму, рече проф. Стикова.

Според неа, кај нас, но и кај земјите во опкружувањето кои бележат лоши ефекти во справувањето ни недостасуваа модерни, современи и стриктни протоколи со коишто ќе регулираме многу прашања во делот на ковидот, постапувањето, сертификатите, вакцинацијата.

Таа неконсеквентност доведе до недоверба кон институциите и тоа дополнително не повлече назад и дополнително им даде ветер во грб на сите оние кои се поблиску до теориите на заговор, кои сакаат да го негираат постоењето на ковидот, да ги минимизираат мерките. Тоа е комплексен проблем, смета проф. Стикова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This