дома Хроника Прeгазено дете во гостиварско, со тешки поврeди пренесено во болница

Прeгазено дете во гостиварско, со тешки поврeди пренесено во болница

На 27.12.2020 во 13:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско во двор од куќа сопственост на И.Ќ., неговиот роднина Х.Р.(36) управувајќи наназад со патничко моторно возило „пежо 508“ со италијански национални ознаки удрил во внук на И.Ќ.,  на кое во Ургентен центар Гостивар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.