дома Македонија ПУКАНО ВО БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА: Мафијашките кланови во СДС ги...

ПУКАНО ВО БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА: Мафијашките кланови во СДС ги расчистуваат сметките!

Во текот на вчерашниот ден во близина на Ѓавато на магистралниот пат Ресен-Битола е рането лицето Михајло С. (36), брат на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Според полицискиот билтен, во текот на вечерта во 22:30 часот, повредениот Михајхло С. заедно со уште едно лице Сашо Ф. вракајќи се од лов, се паркирале на паркинг на патот Битола- Ресен и додека биле надвор од возилото Сашо Ф. му ја дал наполнетата пушка на Михајло С., по што Сашо се одалечил од возилото.

Но, потоа се слушнал еден истрел и го видел Михајло С. како лежи покрај возилото. Ранетиот бил однесен во Клиничката болница Битола, по што му бил извршен хирушки зафат.

Сепак во битолската чаршија, денес се слушаат многу поинакви верзии од вчерашниот настан во однос на извештајот на МВР.

Една од поверодостојните верзии е дека, вчера вечер имало физичка пресметка помеѓу двете лица при што на крајот завршила и со ранување од огнено оружје на едно лице, Михајло С.

Битолската јавност, прашува како може едно огнено оружје само да испука оставено покрај возилото како што стои во полицискиот извештај, додава порталот.

Исто така се говори и дека имало голема нетрперливост помеѓу двете лица, кој прераснала во физичка пресметка, а потоа и ранување од огено оружје.

Дали ова е животот кој го нудеше СДСМ во текот на својата изборна кампања, криминалните активности, убиства, грабежи, нерасчистени случаи дојдоа и во Битола и битолски, прашуваат граѓаните.