дома Хроника Пукано кон касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Пукано кон касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Синоќа во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.
Од МВР информираат дека полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода.