дома Хроника ПУКАЊЕ ВО КОНДОВО: Нерасчистени сметки ги расчистувале со пиштоли

ПУКАЊЕ ВО КОНДОВО: Нерасчистени сметки ги расчистувале со пиштоли

U

Неколку истрели биле испукани пред угостителски објект во скопското село Кондово. Инцидентот се случил вчера околу 18.30 часот.

U

Додека Б.К. управувал со „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кој биле и М.К. и Н.М., биле пресретнати од пет лица со кои порано имале нерасчистени односи.

Едниот од нив извадил пиштол и почнал да пука кон нивното возило, по што сите избегале во различни правци.

Повредени нема, а на местото на настанот биле пронајдени три испукани чаури и еден проектил кој завршил во возилото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.