дома Хроника ПУКАЊЕ ВО ОХРИД: Престрелка во центарот на Охрид!

ПУКАЊЕ ВО ОХРИД: Престрелка во центарот на Охрид!

Вооружен инцидент околу 14 часот се случил во Охрид, потврдуваат од СВР Охрид за Курир.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во изјава за Курир вели дека инцидентот се случил на крстосницата на булеварот „Туристичка“во близина на кружниот тек со улица „Бистрица“.

-Извршен е напад врз лице од Охрид. Пукано е кон лицето од огнено оружје, пиштол. Лицето се здобило со повреди во пределот на потколеницата и е пренесено во болницата „Св. Еразмо“, каде се наоѓа надвор од животна опасност, вели Димоски за Курир.

Тој додава дека по напаѓачот се трага и се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот