дома Хроника ПУКАЊЕ ВО СКОПСКИ СИНГЕЛИЌ: Повредено лице од УБК?

ПУКАЊЕ ВО СКОПСКИ СИНГЕЛИЌ: Повредено лице од УБК?

Денес околу 10.35 часот лицето С. А. пријавило дека на улица „Алија Авдовиќ“ во близина на чајџилница „Шмеки“ биле физички нападнати со неговиот брат А.А. од страна на неколку лица.
Полицијата ја потврдува престрелката. Неофицијално лицето А. А. врз кого е пукано е вработено во УБК.
Според информациите од полицијата, до престрелката дошло кога непознати лица пукале  кон А.А. кој бил во автомобилот, по што го напуштиле местото и се упатиле во непознат правец.
Констатирано е дека дошло до престрелка во која лицето кое го управувало воизлото марка „пасат“ излегло од автомобилот и се доближило до возилото „голф“ и почнало да пука со пиштол кон возилото во кое било лицето А.А, кое се здобило со прострелна рана во пределот на левото рамо, а исто така и лицата кои биле во возилот „голф“ возвратиле на пукањето.
На лице место се пронајдени 10 чаури, кои се обезбедени. Автомобилот „голф“ е пронајден кај агросервис додека другото возило „пасат“ не е пронајдено.

Извор:24 вести