дома Македонија ПУКАЊЕ НА СВАДБА: Во моментот кога куршумот ја погодил куќата во дворот...

ПУКАЊЕ НА СВАДБА: Во моментот кога куршумот ја погодил куќата во дворот имало 7 дечиња

Нема крај на поплаките од граѓаните за пукањето по свадби.  Имено граѓанин на Твитер објави фотографија од куршумот кој ја погодил неговата куќа, додека во моментот во неговите двор имало 7 малолетни деца. На ова свој коментар даде Кристијан Јандриоски, кој вели дека пукањето на свадба е за копита кои си ги лечат комплексите. Според него тоа е традиција која треба да се остави во минатото и која нема ништо заедничко со веселба.