дома Македонија „ПУПКАТА НА ЗАЕВ РАСЦВЕТА ВО ДВОРОТ НА НЕГОВИТЕ ПPOTИВНИЦИ“ : Пpecуда за...

„ПУПКАТА НА ЗАЕВ РАСЦВЕТА ВО ДВОРОТ НА НЕГОВИТЕ ПPOTИВНИЦИ“ : Пpecуда за cyдијата Панчевски бидејќи на вработен во cyдот му давал работни задачи

Скопска Апелација денеска ја потврди пресудата за судијата Владимир Панчевски за наводен мобинг. Пупката на Заев почна да расцветува во дворот на неговите противници, Панчевски наводно вршел мобинг врз вработен во судот на тој начин што замислете му давал премногу работни задачи. Замислете некој во македонското правосудуство во кое со години се чекаат пресуди и имаме случаи кои траат со години, некој бил „приморан“ да работи. Панчевски за разлика од останатите кои расцветаа како пупка,  јавно, јасно и гласно се спротивстави на владеењето на Зоран Заев и неговиот однос кон правосудството. Панчевски се противеше јавно и протестираше против промената на името, а се најде и на метата на СЈО. Да потсетиме дека еден од истражителите во обвинителството на Јанева беше фатен на камера како го краде клучот од домот на судијата.

-ОФИЦИЈАЛНО! Позитивна пресуда за мобинг деновиве потврдена од Апелационен суд Скопје! Согласно донесената одлука, вршител на вертикалниот мобинг е лицето В.П. од Скопје. Мобингот во форма на психичко вознемирување е вршен према лицето Г.С. од Скопје на начин што без решение за распоредување, а врз основа на задолжение, бил приморан да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување, бил јавно деградиран, исмејуван и омаловажуван, а против него било покренато и дисциплинска постапка. Мобингот траел неколку години, а покрај другите докази, жртвата има и медицинска документација, како доказ за нарушено здравје. Ова е прва конечна пресуда во Р.С. Македонија.
Во продолжение дел од пресудата: