Русија планира да направи неколку проекти на беспилотни летала, кои би се употребувале во затворени простории во трговијата и производството. На подолги стази таа пракса би можела да се прошири и во градскиот превоз, изјави Претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со работниците во Јарослав.
„Во рамките на технолошките иницијативи предвидуваме мерки за поддршка на развојот на беспилотната мобилна технологија . Во првата фаза планираме да направиме неколку пилот-проекти, за тие уреди да можат да се користат во затворени простори“ истакна Путин . „Во иднина веруваме дека би можело да бидат користени за обезбедување движење на јавниот превоз, но тоа мора да се разработи на потребниот начин додава тој.