дома Русија Путин: Во големата политика нeма пријатели

Путин: Во големата политика нeма пријатели

Во големата политика нeма пријатели, смета рускиот претседател Владимир Путин.

-Генерално земено, во големата политика нeма пријатели, рече тој во интервју со новинарот Павел Зарубин за програмата „Москва, Кремљ, Путин“, чиј мал дел денеска беше објавен на страницата на новинарот на Инстаграм.

Претходно во својот говор на јубилејната сесија на Генералното собрание на ОН, на 22 септември, рускиот претседател зборуваше и за „недостигот од хуманизам и добрина во односите на меѓудржавно ниво“.