ПУТИН ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: Немам паметен телефон, а интернет воопшто не користам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека повеќето од нас не можат да замислат ниту еден час без да го проверат својот паметен телефон, рускиот претседател Владимир Путин открива дека тој воопшто нема таков телефон.

Рускиот претседател за себе вели дека е „технофоб“ и признава дека никогаш не користи интернет. Тој повеќе сакал за најважните работи да биде информиран од страна на неговите најблиски соработници.

Својата „нетрпеливост“ кон современите технологии ја откри за време на состанокот со научниците и академиците на Сибир после изјавата на првиот човек на Институтот за нуклеарни истражувања за тоа дека „денес секој има паметен телефон во својот џеб“.

„Велите дека сите имаат паметен телефон, но јас немам такво нешто“, рекол Владимир Путин.

Претседателот на Русија своевремено има изјавено дека интернетот е проект на американската разузнавачка служба ЦИА и место каде што се објавува порнографијата.

Путин истакна дека, за разлика од неговиот американски колега Доналд Трамп кој што е „опседнат“ со социјалната мрежа Твитер, нема апсолутно никаков интерес за користење на социјалните мрежи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This