дома Свет ПУТИН И МАКРОН ЗАГРИЖЕНИ: Сите страни да покажат воздржаност и ветување дека...

ПУТИН И МАКРОН ЗАГРИЖЕНИ: Сите страни да покажат воздржаност и ветување дека ќе продолжат со напорите за зачувување на иранскиот нуклеарен договор

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Либија, Украина и Иран, соопштија од Кремаљ.

 

 

 

Во руско-турскиот договор кој е потпишан на 8 јануари во Истамбул беше истакната  важноста за почитување на прекинот на огнот на завојуваните страни што го објавија на 12 јануари, стои во соопштението.

Шефовите на двете држави, исто така, се осврнаа на ситуацијата во Украина, Сирија и Иран.

Поради напнатата ситуација околу Иран, претседателите на Русија и Франција ја истакнаа потребата сите страни да покажат воздржаност и залог да продолжат со напорите за зачувување на иранскиот нуклеарен договор “, се вели во прес-службата.

Двајцата лидери се согласија да продолжат личните контакти