дома Европа Путин и порача на Меркел да нe се меша во внатрешните работи...

Путин и порача на Меркел да нe се меша во внатрешните работи на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Русија е слободна да ги распореди своите вооружени сили на своја територија по сопствено наоѓање, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков

Во телефонски разговор канцеларката Меркел побара од Путин да не го зголемува военото присуство на границата со Украина, потсетува руската агенција Тасс.

„Претседателот ги даде потребните објаснувања. Прво, ние сме апсолутно слободни да ги преместиме нашите вооружени сили и која било друга единица на територијата на Русија по сопствено наоѓање. Второ, Украина несомнено се претвора во потенцијално многу нестабилен регион и секоја земја што има нестабилен и експлозивен регион во близина на своите граници, презема мерки за зачувување на сопствената безбедност“, рече Песков, пренесува Танјуг.

Песков, сепак, истакна дека Русија не претставува закана за другите земји.

„Целиот свет, вклучително и Русија, ќе преземе мерки за да спречи повторување на настаните од Сребреница во 1995 година во Украина, во случај воената акција во Украина да се обнови во целост“, изјави портпаролот на Кремlin.

„Во случај да започнат воени акции во Украина и во случај на потенцијално повторување на човечка катастрофа слична на Сребреница, за која, патем, веќе зборуваше и претседателот Путин, ниту една земја во светот нема да остане рамнодушна. Сите земји, вклучително и Русија, ќе преземат мерки за да не се повторат вакви трагедии“, рече Песков.