дома Русија ПУТИН: Лидерот никогаш не треба да биде арогантен

ПУТИН: Лидерот никогаш не треба да биде арогантен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ароганцијата не треба да биде една од карактеристиките на лидерите.

– Оној кој сака да биде лидер и претендира да добие некое важно место никогаш не треба да го крева носот, верувајќи дека е најдобар. Штом човек почне да верува дека е подобар од сите, од тој момент почнува да губи. Амбицијата е добра, ароганцијата е лоша, посочи Путин за време на средба со учениците од гимназија во Владивосток.

Тој генерално го пофали постојниот систем за развој на лидерски вештини во училиштето што го посети.