дома Русија ПУТИН МУ ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА НА ТРАМП

ПУТИН МУ ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА НА ТРАМП

Русија е подготвена да направи се за односите со САД да се вратат на патот на стабилен развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин честитајќи му ја на Доналд Трамп победата на изборите.

Добрите односи на Русија и САД ќе допринесат не само за народите на двете земји туку и за целокупната  светска клима. „Пред неколку часа завршија претседателските избори во САД. Ние внимателно ја следевме кампањата. Сакам да им честитам на американците за завршениот изборен процес, а на господинот Трамп победата на изборите“, истакна Путин, додавајќи дека на воспоставувањето на односите со САД им претстои тежок пат, но дека Русија е подготвена да се посвети на тоа.