дома Русија ПУТИН ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: Уште шест години на чело на Русија

ПУТИН ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: Уште шест години на чело на Русија

Во Големата палата во Кремељ, Владимир Путин по четврти пат положи заклетва за претседател на Русија. Тој порача дека новиот мандат и најверојатно последен, ќе биде посветен на подобрување на животниот стандард на Русите и зголемување на економската моќ на земјата.


„Ќе ја вршам функцијата со уважување на правото и слободата на граѓаните, ќе го штитам Уставот и ќе го бранам суверенитетот, безбедноста и целовитост на државата и верно че му служам на народот“ изјавил Владимир Путин положувајќи заклетва на Уставот на Руската Федерација.

Путин е шеф на државата од декември 1999 година, кога поранешниот Борис Елцин го постави за привремен претседател. Претседателските избори во Русија беа одржани на 18 март оваа година. Путин издвојува убедлива победа со 76,69 отсто од гласовите. Зад него останаа Павел Грудињин со 11,77 отсто од гласовите, Владимир Жириновски (5,65) и Ксенија Собчак (1,68) отсто од гласовите.