дома Русија ПУТИН ПРЕСЕЧЕ: Време е за крипторубља

ПУТИН ПРЕСЕЧЕ: Време е за крипторубља

Претседателот на Русија, Владимир Путин, дал налог да се почне со изработка на крипторубља.

 

Путин е сигурен дека државната криптовалута ќе помогне да се заобиколат американските санкции. Криптовалутите е овозможат да се изведат финансиски операции во рубљи и во исто време да се избегнат санкциите кои ја ограничуваат можноста да се привлечат инвестиции, се наведува во соопштението.

 

Financial Times наведува дека појавата на крипторубља е долгорочна цел.

Путин по состанокот со еден од основачите на проекетот “Etereum”, Виталик Бутерин, на Владата и постави задача да се изгради база за регулирање на пазарот за дигитални валути.

 

После тоа, советникот на рускиот претседател за економски прашања, Сергеј Глазјев, предложил да се направи крипторубља.

“Можеме да сметаме на нашите контраагенти низ целиот свет, без да обраќаме внимание на санкциите”, рекол тој на неодамнешната седница на Владата.