дома Европа Путин пoтвpди: Русија ce зaтвopa 10 дeнa

Путин пoтвpди: Русија ce зaтвopa 10 дeнa

Рускиот претседател денес објави дека десет дена во мај ќе бидат неработни со цел да се запре епидемијата на коронавирусот, пренесе агенцијата АФП.

Предлогот да не се работи десет дена дојде од шефицата на руската Служба за надзор на пазарот и заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова.

„Ако сметате дека е потребно, ајде да го сториме тоа. Ќе го потпишам указот денес“, рече Путин.

Русија е петта најтешко погодена земја во светот со повеќе од 4,7 милиони заразени од почетокот на епидемијата.