дома КОВИД-19 (Коронавирус) Путин пpeceче: Никој нe смeе да се зaплашува, никој не треба да...

Путин пpeceче: Никој нe смeе да се зaплашува, никој не треба да биде пpинyдуван да се ваkцинира

Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека луѓето не смеат да бидат принудени да се вакцинираат против коронавирусот.

„Никој не смее да се заплашува, никој не треба да се принудува. Треба да им се објасни“, рече Путин на состанокот со членовите на партијата Единствена Русија.

Претседателот нагласи дека треба да им се објаснат на граѓаните сите предности на вакцинација и заштита од тешки случаи на инфекција.

„Се разбира, може и треба да се создадат различни видови стимулации, но тоа не смее да биде кампања за наметнување“, рече тој.

Рускиот лидер претходно се залагаше дека луѓето треба сами да одлучат дали сакаат да се вакцинираат или не.