дома Русија ПУТИН СЕ ВООДУШЕВИ ОД РАБОТНИКОТ: „Дојди да те прегрнам„

ПУТИН СЕ ВООДУШЕВИ ОД РАБОТНИКОТ: „Дојди да те прегрнам„

Рускиот претседател остана воодушевен од предлогот за враќањето на наградувањето на работничките колективи, пракса позната во поранешниот Советски сојуз.

 Путин ја посети фабриката UMPO на 24 јануари, а инженерот Виктор Богмолов сугерира да се врати праксата на наградување на колективот за работен успех.

Путин обещал расцеловать работника уфимского завода Виктора Богомолова, но ограничился объятиями. Всё равно это победа, Виктор!

 „Претходно, постоела традиција исклучителното залагање да се наградува со медал. Нашите претприемачи нè одликуваа со два ордена – „Ленин“ и Орден на работно црвено знаме. И денеска сме меѓу лидерите. Зарем не би било добро да ја вратиме таа традиција?“, праша инженерот.

„Дајте просто да ве бакнам“, возврати Путин и го прегрна. Претседателот на Русија додаде дека во советското време била раширена таква пракса, но дека таа не можела да влијае на продуктивноста на работата. Сепак, ветил дека ќе размисли за враќање на овој обичај.