дома Русија Путин се вakцинираше со една од руските вакцини прoтив ковид-19

Путин се вakцинираше со една од руските вакцини прoтив ковид-19

Рускиот претседател Владимир Путин се вакцинираше со една од домашните вакцини против „Ковид-19“, со што ги прекина повеќемесечните шпекулации дали тој веќе бил вакциниран против вирусот.

Претседателот, кој беше значително претпазлив кога станува збор за Ковид-19, во вторникот ја прими вакцината во Москва. Кремљ претходно одби да открие со каква вакцина ќе се вакцинира Путин, истакнувајќи дека Русија има три домашно произведени опции.

„Намерно не кажуваме која конкретна вакцина ќе му се даде на претседателот, нагласувајќи дека сите три руски вакцини се совршено сигурни и ефикасни“, рече во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.