дома КОВИД-19 (Коронавирус) ПУТИН СО ИЗЈАВА: „Во седум истражувачки центри во Русија се подготвува вaкцинaтa“

ПУТИН СО ИЗЈАВА: „Во седум истражувачки центри во Русија се подготвува вaкцинaтa“

Рускиот претседател Владимир Путин, дал инструкции да се покренат подготовките за произведување на вaкцинaтa пpoтив кoрoнaвиpycoт.

„Не е доволно само да се покренат одговарачките медицински подготовки, неопходно е и да се произведе потребната количина, и за тоа мора да се грижиме и да размислуваме“ – изјавил Путин на состанокот посветен на изградба и адаптација на медицинските институции во руските региони.

Тој укажал на тоа дека на развојот на вaкцинaтa моментално работат седум истражувачки центри во земјата, и дека тој процес во принцип тече успешно, пренесуваат од „TASS“.

На прашањето ‘дали е можно вaкцинaтa да биде готова пред утврдениот рок’, а тоа е третиот квартал од оваа година, министерот за здравство Михаил Мурашко, изјавил дека се разгледуваат различни опции за да се забрза процесот на произведување на вaкцинaтa.