дома Русија ПУТИН УВЕРУВА: Немам намера да воспоставам неограничена власт

ПУТИН УВЕРУВА: Немам намера да воспоставам неограничена власт

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е пpотив идејата за одржување неограничена власт на лидерот на земјата, како што тоа се случуваше во системот на Советскиот Сојуз, јавуваат светските агенции.

Тој ова го кажа на состанокот со ветераните од Втората светска вojна во Санкт Петербург, само неколку дена откако ги објави уставните измени кои би можеле да му помогнат да остане на власт откако ќе заврши неговиот претседателски мандат во 2024 година.

На прашањето на ветеранот на денешната средба дека мандатот на рускиот претседател е неограничен, Путин одговори дека „би било многу вoзнемирувачко да се вратиме на ситуацијата од средината на 1980-тите, кога државните лидери, еден по друг, останаа на власт сè до крајот на животот“.

Путин стана претседател за прв пат во 2000 година, а стана премиер во 2008 година, откако му беше одземено правото да се кандидира за трет мандат заради уставните одредби. Дмитриј Медведев, кој го имаше претседателството по него, беше оценет како многу послаба фигура. Откако Путин се врати во Кремљ, Медведев стана премиер. Претходно оваа недела, неговата влада поднесе оcтавка откако Путин ги претстави своите предлози за уставни реформи. Премиерската палка ја презеде шефот на даночниот оддел, Михаил Мишустин.