дома Uncategorized ПУТИН ЈА ОДЛОЖИ СРЕДБАТА СО ОЛАНД

ПУТИН ЈА ОДЛОЖИ СРЕДБАТА СО ОЛАНД

Путин покрај тоа што ја одби француската покана за состанок со Претседателот на Франција  Франсоа Оланд и разговорите за Сирија, Претседателот на Русија Владимир Путин ја одложи и посетата на Парис која беше планирана за 19 Октомври, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од администрацијата во Кабинетот на Францускиот претседател.

 Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им изјави на новинарите дека Путин одлучил да ја одложи посетата на Франција бидејќи било невозможно да се реализираат сите точки од неговата програма.

Како што изјави, Претседателот на Русија требало да ја отвори новата руска црква и да ја посети изложбата на рускиот уметник во Парис.Запрашан зошто тие настани биле исклучени од Програмата, изјави дека одговор на тоа прашање треба да даде француската страна. Тој воедно се осврна и на медиумските тврдења дека Путин се наоѓа во изолација на меѓународната сцена велејќи дека тие немаат врска со реалноста.„Председателот не е во никаква изолација. Минатата недела француските медиуми објавија дека наводно рускиот претседател инсистирал на посета на Франција во обид да излезе од изолацијата. Тоа е голем апсурд“, изјави  Песков.