дома Свет ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО КИМ ЈОНГ УН: Средбата ќе се реализира...

ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО КИМ ЈОНГ УН: Средбата ќе се реализира до крајот на овој месец

Од Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин денеска е соопштено дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до крајот на месецот ќе ја посети Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Кремљ се наведува дека посетата на Ким Џонг Ун ќе биде реализирана во втората половина од април и тоа на повик на рускиот претседател Путин.

Од Кабинетот на Путин не се откриени повеќе детали, а руските медиуми веќе неколку дена пишуваат за можна средба на Путин и Ким.

Кон крајот на месецот Путин ќе патува во официјална посета во Кина, а руските медиуми пишуваат дека во тој период Путин би можел да се состане со Ким во Владивосток, град во близина на руско-севернокорејската граница.