дома Европа Путин ja пpими втopaтa дoзa вakцинa: Рускиот пpeтceдaтeл e aпcoлyтнo cигypeн вo...

Путин ja пpими втopaтa дoзa вakцинa: Рускиот пpeтceдaтeл e aпcoлyтнo cигypeн вo eднa paбoтa и вeднaш им cooпшти нa cитe

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека ја примил втората доза на вакцина три недели по првата вакцинација.

– Сакам да ве известам дека само што ја примив втората вакцина пред да влезам во оваа сала. Се надевам дека сè ќе биде добро. Не се ни надевам, сигурен сум во тоа – рече Путин на состанокот на Руското географско друштво.

Претседателот исто така изрази надеж дека „пандемијата ќе заврши наскоро, меѓу другото, благодарение на вакцинацијата што активно се спроведува во земјата“.

Првата доза на вакцината Путин ја прими на 23 март, а сè помина пред медиумските камери. Не е откриено која од трите руски вакцини ги примил шефот на руската држава.