Јавното сообраќајно претпријатие во наредните две години со дизел ќе се снабдува од „Пуцко Петрол”, компанија на градоначалникот на Пласница од ДУИ, Исмаил Јаовски. Вредноста на овој тендер е 944 милиони денари или повеќе од 15,3 милиони евра, објави МКД.мк.
Во декември минатата година Министерството за одбрана го раскина договорот со „Пуцко петрол“ за снабдување со мазут поради немање лиценца за трговија со мазут. Тогаш Регулсторната комисија за енергетика објави дека „Пуцко петрол“ без лиценца за мазут снабдувал и други државни институции – Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје, општина Битола…