дома Европа ПУЏДЕМОН ЈА СВИТКА ОПАШКАТА: Пресврт во Каталонија – народот на улиците извикува...

ПУЏДЕМОН ЈА СВИТКА ОПАШКАТА: Пресврт во Каталонија – народот на улиците извикува „Предавство!“

Каталонскиот лиер Карлес Пуџдемон ја отфрли опцијата за распишување предвремени регионални избори, пренесува „Паис“

Владата на Шпанија претходно наведе дека е спремна да ја запре примената на мерките за воведување на директна власт во Каталонија, доколку Пуџдемон распише избори.
Пуџдемон се откажа од денешното обраќање до јавноста, се очекуваше дека во текот на говорот ќе соопшти дека го распушта парламентот и распишува избори за 20-ти декември.

Според него, тој не дбил доволно гаранции од централната влада во Шпанија доколку ги распише изборите и дека тој потег ќе ги спречи шпанските власти за воведување на директна контрола на Мадрид врз Каталонија.

„Немам гаранции денес да оправдам распишување на парламентарните избори“, рекол Пуџдемон во обраќањето од седиштето на регионалната влада, напоменувајќи дека ја разгледал можноста за распишувањ ена избори, но дека таа опција сепак не ја исклучува.

Пуџдемон рекол дека сега останува на каталонскиот парламент да одлучи кои ќе бидат понатамошните чекори кога станува збор за спроведување на мандатот за отцепување од Шпанија по референдумот за независност кој се одржа на 1.октомври, наведува Ројтерс.

Рекол и дека регионалниот парламент сега треба да одлучи за тоа како ќе одговори на планот на шпанските власти за превземање на контролата над Каталонија, јавува АП.

„Мораме да останеме посветени на мирот…само на тој начин можеме да победиме“ заклучува Пуџдемон, додавајќи дека со таа цел ги разгледува и сите опции кои ги има на располагање.

Студентите се собрани на плоштадот пред седиштето на неговата партија, кои се противат на избори бидејќи сметаат дека тоа е поништување на волјата искажана на референдумот за независност, порачувајќи му дека прави предавство.