дома Социјални Мрежи Пaднаа Фејсбук и Инстраграм: Милиони корисници пpијавиле проблем со користењето на социјалните...

Пaднаа Фејсбук и Инстраграм: Милиони корисници пpијавиле проблем со користењето на социјалните платформи

Милиони корисници ширум светот вечерва пријавија проблеми со користењето на популарните социјални мрежи како Фејсбук и Инстаграм, јавува „Индипендент“.
Само на платформата „Down Detector“ вечерва проблеми со Фејсбук пријавиле над 140.000 луѓе. Околу 57% од луѓето кои пријавиле проблем посочиле дека мрежата целосно не работи, додека 25% од нив пријавиле проблем при најавувањето.
Исто така, над 86.500 луѓе досега пријавиле проблем со мрежата Инстаграм, од кои 73% од нив посочиле дека имаат проблеми со времепловот.
Проблеми со апликацијата Месинџер пак, пријавиле нешто помалку од 6.000 луѓе.
Засега не е познато што е причината за ваквиот проблем.