Пaднаa полицajци и цариници во акциjaта во Диво Нaceље, yапcени повеќе лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во Диво Насеље, а по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Информацијата за „Инфомакс“ ја потврди обвинителката Вилма Русковска, а повеќе детали од Обвинителството најавуваат во соопштение кое ќе го објават во текот на денот.

Инаку, и од МВР ни потврдија дека на повеќе локации се вршат претреси поради сомнежи за трговија со дрога.

Полициската акција е во врска со информацијата за увоз на 1.200 килограми ефедрин, перкурсор за производство на амфетамин, кој на 8.ноември годинава беше внесен во Македонија преку скопскиот карго аеродром, потврди за „Инфомакс“ обвинителката Вилма Русковска.

На 8.11 годинава, при излез од карго терминалот на скопскиот аеродром, едно комбе во кое се превезувале 1.200 килограми ефедрини – перкурсори за производство на амфетамин. По дојава на американската агенција за борба со наркотици ДЕА, припадници на ЕСЗ „Тигар“ го пресретнале комбето, а при претрес ја пронашле и дрогата.

Според информациите на „Инфомакс“, eфедринот во Македонија влегол со карго-авион, а според царинската декларација бил прикриен како електроника – делови за мобилни телефони на име на една позната скопска мобилара.

Царинските службеници, кои се осомнинчени дека биле дел од овој шверц ја пропуштиле пратката без да ја проверат, туку само ги потпишале документите, а пратката ја ставиле на т.н. зелен појас кој означува пратка со високо ниво на доверба без потреба да се проверува.

Согласно товарниот лист и царинската декларација е означена како телефонска галантерија, а краен увозник во Р.Македонија е скопска мобилара.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This