дома Балкан ПAДНA ПРВИОТ СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО: Дури шест метри снег наврнаа ноќва во...

ПAДНA ПРВИОТ СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО: Дури шест метри снег наврнаа ноќва во Копаоник

Утрово пaднa првиот снег на ова зимско туристичко место во соседството- во Македонија снегот доаѓа за неколку дена. На Копаоник во Србија утрово пaднa првиот снег откако претходно на ова зимско туристичко место во текот на ноќта врнеше дожд.

Снегот започнал да пaѓa по три часот утринава, а висок е шест метри. Температурата во овој момент таму е 0 степени, а во моментов таму има и магла со смалена видливост до 200 метри. И додека во соседството веќе забелуваат планините, во Македонија туристички центри се уште се без снег. Денеска сликата таму е вообичаена и само со дожд, додека првиот снег во Маврово се најавува за само неколку денови и тоа на почетокот на декември.

Според ситуацијата најверојатно многу наскоро ќе обели и Попова Шапка.