дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пaниka и во Прилеп…: 21 учeник co пeт нacтaвници зaвpшиja вo изoлaциja...

Пaниka и во Прилеп…: 21 учeник co пeт нacтaвници зaвpшиja вo изoлaциja пopaди yчeник кoj бил пoзитивeн нa Koвид-19

Едно одделение со 21 ученик во прилепско основно училиште од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката кој бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во изолација се и пет предметни наставници кои имале контакт со него.

Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа одделението ќе следи онлајн настава.

– Учениците од деветто одделение ќе следат настава онлајн, а петте предметни наставници ќе предаваат онлајн додека се во изолација. Инаку, во сите основни и средни училишта наставата се одвива без проблеми и застој, вели Николоска.

Околу 9 000 основци и средношколци посетуваат настава со физичко присуство. Само учениците, над 700, од прилепската гимназија следат настава од дома поради интензивните зафати за реконструкција на училишната зграда.