дома Актуелно Пaновcки за „3aпадот“: Не излажaa зa имeтo, нe лaжaт и зa вakцините

Пaновcки за „3aпадот“: Не излажaa зa имeтo, нe лaжaт и зa вakцините

Професорот Никола Пановски во вчерашното свое гостување во емисијата Само Вистина на телевизија Канала 5 коментираше на тема вакцини и зошто нема вакцини во Република Македонија.

Виновникот за тоа покрај во македонските власти кои со месеци шпекулираат кога ќе пристигнат првите дози на вакцини, Пановски го гледа и во Западот кој конинуирано како што вели тој ја лаже Македонија и македонските граѓани.

Тој ја спомена и промената на името која требаше да ги отвори вратите на Европската Унија за Македонија, но и тоа се испостави како лага.

-Едноставно ние веруваме на Западот, Европа иако ние сме најизлажани од Западот. Никој не е толку излажан како нас во историјата, особено последниве години, меѓутоа тоа е мислам една последица да слепо верувате во некој кој ве лаже и кажува дека ќе добиете датум за преговори ако го направите тоа, и вие го правите и нема датум. И ако така ве гледаат дека можеби на крај и за ова не излажале. Но очигледно не излажале за вакцините, малку повеќе отколку другите, вели Пановски.