дома Македонија Пaтoт пpeкy плaнинaтa Гaличицa oд yтpe oтвopeн зa cooбpaќaj

Пaтoт пpeкy плaнинaтa Гaличицa oд yтpe oтвopeн зa cooбpaќaj

Јавната установа Национален парк „Галичица“ соопшти дека прекинуваат градежните активности за реконструкција на коловозот на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, така што од утре завршува режимот на сообрајќај којшто беше определен до денеска и патот е слободен за секаков сообраќај.

Од Националниот парк сепак ги потсетуваат граѓаните дека се уште е во сила прогласената кризна состојба во државата и забраната за движење по шумските предели низ целата Република, вклучително и на територијата на Националниот парк „Галичица“.