Пaѓaaт плaтитe вo зeмjитe нa ЕУ пopaди пaндeмиjaтa, нajпoгoдeни oниe вo нaшeтo coceдcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паѓаат платите во ЕУ поради пандемијата, а најпогодените се токму во нашето соседство.

Хрватска е водечка во оваа поразителна статистика, каде што граѓаните заработиле речиси 11% проценти помалку од 2019 година, односно повеќе од двојно го надминала просекот на ЕУ, каде што опаѓачкиот просек е речиси 5%, велат податоците од истражувањето на Еуростат. Според толкувањето на експертите, ова е само почеток на неколкуте тешки години со кои ќе се соочува земјата. Револтот кај граѓаните и здруженијата расте.

,,30 години луѓето пронаоѓаат други дестинации, заминуваат од најубавата земја на светот и крајно време е да се организираме, крајно време е да почнат да се спроведуваат клучни реформи, крајно време е да тие станат тема. Клучна тема на секој министер за економија

Во истражувањето се наведува дека многумина во земјата веќе ставиле клуч на своите бизниси или пак работат со скратено време. Последица на ваквата ситуација е и големиот број на отпуштања и намалено вработување на сезонски работници. Од Евростат заклучуваат дека има помалку работни часови, со тоа се помали и платите.

Не цветаат рози ниту во Грција и Кипар на економски план. Северниот сосед бележи пад на платите од 7 до 12 проценти, додека пак на Кипар се граѓаните заработиле од 5 до 11 проценти помалку.

Најмал удар по џебот за време на пандемијата според европските статистичари има во Латвија од 0,5 проценти, а посебно не се погодени ниту Шведска и Унгарија, каде што процентот е назначително поголем од оној во балтичката земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This